За Нас

 

Нашата фирма "ИКО-ТРУСТ" ДООЕЛ со седиште во Скопје како единствена специјализирана фирма во Македонија која се занимава со продажба на нови ладилници за вода за сите видови возила, и сервисирање на стари ладилници со ново саќе опстојува од 1994 година на Македонскиот пазар.

"ИКО-ТРУСТ"  е фирма рангирана во однос на годишниот обрт како мала фирма со тројца вработени и една деловна единица, која се наоѓа во населбата Кисела вода.

На самиот почеток корисници на нашите услуги беа транспортните претпријатија и компании кои имаа голем број на транспортни возила:

  • ПРОЛЕТЕР,
  • ТРАНС ВЕЛЕС,
  • ГАЛЕБ,
  • СТРУМИЦА ЕКСПРЕС,
  • БАЛКАН ЕКСПРЕС,
  • ТРАНСКОП,
  • ЖИТО ЛУКС,
  • ПОЛЕТ,
  • МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ

како и рудниците

  • БУЧИМ,
  • ТОПИЛНИЦА ВЕЛЕС,
  • ХИВ ВЕЛЕС

а денес и сите сервиси за возила и камиони од цела територија на Република Македонија и Косово.

Основната дејност на нашата фирма е продажба на нови:

  • Ладилници за вода
  • Ладилници за кабини(парно)
  • Интеркулери
  • Кондензатори за клима
  • Евапоратори
  • Вентилатори
  • Дехидратори
  • Саќе за ладилници

и замена со нови саќиња за вода на старите ладилници за камиони, автобуси, градежни машини, дизел агрегати, трактори, комбајни......

Во секој момент располагаме со лагер од околу 2000 парчиња на горенаведените производи, а доколку го немаме на лагер во можност сме во најкраток временски период да го обезбедиме.

За квалитетот на нашите производи добивате едногодишна гаранција, а во асортиманот ги имаме сите светски познати производители на ладилници како што се:

 

Станете и Вие дел од корисниците на нашите производи и услуги и уверете се во квалитетот кој Ви го нудиме.

Нашата девиза е:

НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ СО ПОЛОВНИ ЛАДИЛНИЦИ,

ЗАШТО НОВОТО Е СЕКОГАШ ПОЕВТИНО ОД СТАРОТО

ИКО ТРУСТ – Ние постоиме за Вас.